Обрван: Не сме разочарани - не е срамота да се загуби од Данска

Не сме разочарани од поразот бидејќи не е срамота да се загубиод Данска, но сепак не одигравме на посакуваното ниво. Селекторот Обрван по поразот од европскиот шампион рече дека сега погледите се кон следните мечеви.

„Би сакал да им честитам на Данците за заслужената победа, ние во некои сегменти не бевме на посакуваното ниво. Не сме разочарани поради поразот бидејќи не е срамота да се загуби од Данска, особено на гостински терен. со погледите веќе се вртиме кон следните натпревари. Мораме да поправиме доста работи, промашивме доста зицери, имавме лоша реализација кога имавме ракометар повеќе на теренот. Имавме можност поразот да биде попристоен, особено бидејќи го имавме одличниот Борко Ристовски на голот, но многу е важно што поскоро ова да го оставиме зад себе и да се фокусираме на дуелот против Чешка“ – истакна Обрван, пренсе Екипа.

 

12.01.2014 - 22:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега