ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Хорор во Холивуд, тинејџерки ја држеле врсничката додека била силувана

Патриша Монтес (15) и Ерика Ејвери(16) го удирале 16-годишното девојче и ја прскале со солзавец во лице, а потоа ја држеле додека Џејвон Вулфорк (19) ја силувал.

Снимката од мобилниот телефон што ја направил некојси Ланел Синглтон (18) ја прикажува полуголата жртва во двор од куќа во Холивуд.

Додека Патриша и Ерика ја тепаат, машките гледаат и еден од нив дури вели дека “Ова девојче и не им се допаѓа”.

 На тоа една од двете тинејџерки вели: 

- Ти рековме дека ќе силуваме некого!

На судското сослушување одржано во петокот е емитувана снимката од мачењето на истата жртва внатре во куќата.

По нападот таа отишла дома и се онесвестила по што е префрлена во болница. Претрпела неколку скршеници на коските на лицето, а поради модриците и отоците и привремено го загубила видот.

Жртвата изјавила во полиција дека групата што ја нападнале ги сметала за приајтели. Заедно пиеле пиво и пуштеле марихуана, а потоа настапил хоророт. Таа додала дека и натаму и е нејасно зошто ја нападнале девојчињата, бидејќи со Патриша Монтес се дружела уште од градинка.

Таа и Ерика Ејвери се обвинети за сексуално злоставување и грабнување, како и Двајт Хенри (17), Ланел Синглтон и Џејвон Вулфолк. Сите се изјасниле како невини и моментално се во притвор.

- Двете очи и се затворени од ударите, а крв и излегла од едното уво – изјави судијата на сослушувањето во ноември.

12.01.2014 - 20:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа