Линдберг: Македонците се борат за својата земја и тоа ги носи далеку!

Десното крило на Данска, Ханс Линдберг, изјави дека секогаш е интересно да се игра против репрезентацијата на Македонија бидејќи како што вели духот и волјата секогаш ја носат Македонија напред.

- Забавно е да се игра против Македонија. Нивниот дух и волја да се борат за својата земја секогаш ги носи далеку, па дефинитивно очекувам уште еден тежок меч. Навистина, одвај чекам да играме со нив, вели Ханс за официјалната вебстраница на ЕП.

Вечерва натпреварот против домаќинот стартува во 20 часот и 30 минути.

12.01.2014 - 13:44
Фото: 
засе.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега