Повредени четворица германски полицајци при судир на навивачки екипи

Четворца полицајци се повредени синоќа при судир со група навивачи на фудбалскиот клуб „Шалке 04“ во градот Гелзенкирхен, соопшти денеска германската полиција.

Инцидентот се случил кога навивачите се вратиле од Мешеде, каде тимот на „Шалке 04“ со играчи до 23 години настапуваше на фудбалски турнири.

Полицајците била удирани со раце и клоци и мавани со шишиња, камења, па дури и со канти за отпадоци.

Напомош на нападнатите полицајци им дошле нивни колеги кои употребиле палки и слозваец за да ги растераат хулиганите.

12.01.2014 - 13:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега