Скарлет Јохансон: Французите се прости и невоспитани

Скарлет Јохансон поминува многу време во Париз бидејќи е верена со Французинот Роман Дaуријак, а за жителите на градот на светлината вели дека се прости!

Таа ваквиот фрустрирачки став  го покажа во шоуто на Дејвид Летерман.

"Кога почнав да одам во Париз мислев дека се што се зборува за нивната недоделканост е лага. Ми беа прекрасни. А кога сфатија дека сум дошла да останам, веројатно си рекоа дека можат да бидат она што се – невоспитани" – рече Скарлет.

Таа вели дека сака да се шета но тоа по улиците на Париз е фрустрирачко искуство, и додава дека на улиците на Париз и самата станала агресивна кон луѓето.

12.01.2014 - 12:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега