Му дошле дома, го претепале, па го прегазиле со автомобил - крвава расправија во струмичко

Пред два дена околу 17 часот во струмичко, во дворот од куќата во сопственост на 53-годишниот Б.В. со автомобил “Сеат“ пристигнале 39-годишниот С.К. и 41-годишниот З.Ѓ. инаку негови сограѓани.

Според податоците од полицијата, набргу настанала расправија помеѓу двајцата насилници кои дошле и Б.В. и неговиот 29-годишен син Б.В. околу сопственост на моторцикл. Во еден момент, С.К. физички го нападнал синот удирајќи го со тупаници во пределот на лицето при што му нанел телесни повреди, а во меѓувреме, З.Ѓ. влегол во возилото, го стартувал и со истото го удрил Б.В. нанесувајќи му телесна повреда, по што избегал во непознат правец.

Физичката пресметка продолжила помеѓу останатите учесници. На С.К. му е укажана лекарска помош во Општа болница Струмица каде му се констатирани тешки телесни повреди, истиот е пренесен во Клинички центар Скопје,

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

12.01.2014 - 12:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега