Прилеп: Го претепале додека разнесувал леб за 4000 денари

Околу три часот по полноќ на улицата 11 Октомври во Прилеп засега две непознати лица го пресретнале и нападнале 45-годишниот кавадарчанец И.Т. кој во моментот разнесувал леб со комбе.

Разбојниците на кавадарчанецот успеале да му одземат 4.000 денари, а потоа тој со повредите со кои се здобиле пренесен во Медицинскиот ценатр во Прилеп.

Полицијата се обидува да ги пронајде сторителите и да го расчисти случајот.

12.01.2014 - 11:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега