Индонезија: Евакуирани 25.000 лица поради ерупција на вулканот Синабунг

Околу 25.000 лица се евакуирани денеска од нивните домови поради ерупција на вулканот Синабунг во западниот дел на индонезискиот остров Суматра.

Според директорот за вонредни состојби при Националната агенција за справување со катастрофи, вулканот еруптирал кога почнал да исфрла вжештени карпи и пепел во височина до 5.000 метри.

Дел од лавата од вулканот се влела во една река, при што дошло до помали секундарни екслпзоии при допирот на вжештената маса со водата.

Тој апелира да се евакуираат сите лица кои живеат во радиус од седум километри околу вулканот.

 

12.01.2014 - 11:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа