Французите бесни: "Врската на Оланд со Гаје е негова "приватна работа"

Наводната љубовна врска на претседателот на Франција, Франсоа Оланд со актерката Жули Гаје иако ги интересира Французите, сепак најголемиот број од нив сметаат дека тоа е „приватна работа“, која не треба да ги засега останатите.

Испитувањето на Ифоп за неделникот „Журнал ди диманш“, покажува дека дури 77 проценти од анкетираните мислат дека тоа е „приватна работа“ на Франсоа Оланд, додека 23 отсто го сметаат спротивното.

Аферата на претседателот стана главна тема на весниците и на вестите на радијата и телевизиите, што придонесе и за зголемен интерес на Французите за приватниот живот на нивниот претседател.

Оланд во моментов живее во вонбрачна врска со новинарката на „Пари Мач“ Валери Триервилер, откако долги години живееше со Сеголен Ројал, која беше кандидат на француските социјалисти на претседателските избори во 2007 година, со која има четири деца.

12.01.2014 - 11:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега