Денеска жителите на САД ќе патуваат само по долна облека

Манифестацијата “Денот без панталони во метро“ по дванаесетти пат се одржува денеска во Њујорк, Чикаго, Вашингтон и Лос Анџелес.

На овој ден учесниците на настанот  од половина нагоре носат вообичаена зимска гардероба, но од половината надолу имаат само чевли, чорапи и долна облека, но не и панталони или здолништа.

"Целта ни е ова да биде нешто позитивно што ќе ги натера луѓето да се насмеат, изјави основачот на „Импрув Евривеар“, Чарли Тод за „Ју-Ес-Еј Тудеј“.

Овој настан за првпат е организиран во Њујорк во 2002 година од групата „Импрув Евривеар“ и оттогаш добива се поголема масовност.

12.01.2014 - 10:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа