Венецуелски министер побара од граѓаните да пријават корупција на неговиот приватен телефон

Мигел Родригес, венецуелскиот министер за внатрешни работи и правда, ги повика граѓаните на Венцуела случаите на корупција во полицијата да ги пријавуваат на неговиот приватен мобилен телефон.

Тој истакна дека искоренувањето на корупцијата е единствениот начин за враќање на довербата на јавноста во полицијата, и при гостување во една емисија на државната телевизија, Родригес го кажа неговиот приватен број и побара дирекно да му јавуваат за случаите на корумпирани полициски службеници.

Корумпираноста на полицијата се смета за една од главните причини за високата стапка на криминал во Венецуела, која спаѓа меѓу земјите со најголем број убиства по глава на жител во светот. 

12.01.2014 - 10:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа