Притвор за двајца пратеници од "Златна зора"

На пратениците Јоргос Германис и Панајотис Илиопулос, вчера им беше одредена мерка притвор од страна на прекршочниот суд во Атина, додека околу евнтуалното одредување притвор за третообвинетиот Статис Букурас судиите ќе се решава денеска. 

Како реакција на овој судски процес, портпаролот на Златна зора, Илијас Касидијарис изјави дека додека им се суди на членови на нивната партија, „терористите се шетаат слободно“. - Ниту еден член на Парламентот или министер не е повикан на сослушување поради скандал или корупција. Единствено незаконски се сослушуваат и приведуваат пратениците на Златна зора, потенцира Касидијарис.

Тројцата пратеници на грчката неонацистичка партија Златна зора,  вчера беа изведени пред овој трибунал, под обвинение за „раководење со криминална организација“.

12.01.2014 - 10:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега