Тачи: Не е време за предвремени избори

Претседателот на ДПА Мендух Тачи денеска изјави дека е за демисионирање на ДУИ од власта и оти изборот на претседател на државата за неговата партија е неважна тема.   

-Доколку речам дека сме за предвремени парламентарни избори веднаш ќе ми биде додадено дека за тоа сум се договорил со ВМРО-ДПМНЕ. Од друга страна состојбата во државата е лоша и скоро безизлезна, а такво е мислењето и на ДУИ и (претседателот на партијата Али) Ахмети така што мојот предлог за надминување на оваа состојба е демисионирање на ДУИ и Ахмети, изјави Тачи.

Тачи го изјави ова денеска додека присуствуваше на изборно собрание на тетовскиот огранок на партија.

11.01.2014 - 14:18
Фото: 
Новатв.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега