По осум години во кома почина поранешниот израелски премиер

Осумдесет и пет годишниот Ариел Шарон, поранешниот израелски премиер Ариел Шарон, почина денеска, јави Израелското радио.

Шарон беше во кома од 2006 година по мозочниот удар на 4 јануари 2006 година, и неговата здравствена состојба исклучително се влоши од 1 јануари годинава.

Тој е една од легендарните и контроверзни личности во Израел познат по нападот врз Либан во 1982 година додека беше министер за одбрана, но и како премиер кој ги повлече армијата и доселениците од Појасот Газа во 2005 година.

11.01.2014 - 14:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа