Лијам Фокс кандидат за генерален секретар на НАТО

Лијам Фокс, поранешниот британски министер за одбрана ја навести својата кандидатура за нов генерален секретар на НАТО. Актуелниот генерален секретар, данскиот политичар Андерс фог Расмусен, заминува од функцијата по самитот на НАТО, во септември оваа година.

Фокс кој во октомври 2011 година, поднесе оставка во владата на Дејвид Камерон,откако се откри дека на своите службени патувања во странство го носел со себе и својот близок пријател и венчален кум, но остана близок до врвот на својата Конзервативна партија и до нејзиниот лидер, што се смета за важно за добивањето подршка при формалното кандидирање.

Високи функционери во ториевските редови го истакнуваат Фокс како „силен кандидат„ објаснувајќи дека тој е голем подржувач на Северноатланската Алијанса и добар познавач на воено политичките состојби на континентот и на луѓето во НАТО.

Неговите подржувачи во партијата, веруваат дека тој оваа пролет би можел да се врати во владата на Камерон на местото на остарениот министер без ресор, Кенет Кларк, кого ториевската десница не го сака поради неговата европска наклонетост.

Претставник на Даунинг стрит 10 одби да го коментира навестеното кандидирање на Фокс за генерален секретар на НАТО, инсистирајќи дека се уште не е донесено решение кој ќе биде британскиот кандидат.

11.01.2014 - 13:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега