Шестгодишно детенце заработува по 8.000 долари неделно

Шестгодишниот Агусто Матуро иако е многу мал тој одлично заработува за живот.

Ова дете кое е ѕвездата на најновата серија на „Дизни“ „Girl Meets World“, ќе заработува по 8.000 долари по епизода, која се снима еднаш неделно. Доколку биде успешна, како што предвидуваат продуцентите, телевизиската серија ќе биде продолжена на уште една сезона, а тоа значи дека малиот Агусто ќе добие зголемување на примањата за 1.200 долари по епизода.

Очигледно е дека се исплати да се глуми во проектите на Дизни. Другото момче кое исто така се појавува во споменатата серија ќе добива по 4.800 долари по епизода.

11.01.2014 - 12:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега