Драма на булеварот Србија: На скопјанец му се запалил автомобилот додека возел

На булеварот „Србија“, во близина на железничкиот надвозник, вчера попладне околу 14 часот додека 41-годишниот И.И. од Драчевица управувал со своето возило марка “Фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, од засега непознати причини избувнал пожар во предниот дел на возилото.

Скопјанецот си останал без возило бидејќи за жал целосно изгорело во пламените јазици.

11.01.2014 - 12:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа