Трагедија на Дакар: Мотоциклист пронајден мртов

Трагедија се случи за време на релито Дакар кое уште еднаш се покажа како најопасно рели во светот. За жал, на петтата етапа возена во петокот се случи трагедија откако на 143-тиот колометар од специјалот белгискиот мотоциклист Ерик Паланте беше пронајден мртов.

Засега не се познати околностите во кои 50-годишниот возач го загубил животот.

 Паланте е 27-ми натпреварувач кој загинал на ова натпреварување од 1979-та година.

11.01.2014 - 11:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега