Гаф на политичарка кој стана Интернет хит: На Британија и се закануваат имигранти од Југославија

Изгледа британската конзервативна политичарка Нејдин Дориз не знае дека Југославија одамна е распадната. Таа предизвика бура од реакции и стана хит на Интернет по гафот кој го кажа дека на Лондон му се закануваат имигранти од Југославија.

Таа за време на расправата во една емисија спомена дека има голем налив на имигранти и опасност од Југославија, која не постои. 

- Може да дојде до голем број имигранти од Југославија што е опасно за нашата земја, вели политичарката.

Таа стана главна тема на Фејсбук и Твитер, па си доби голем број коментари од типот: Изгледа политичарката не следи Евровизија и Југославија не постои.

11.01.2014 - 11:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега