Петнаесетгодишниот херој од Пакистан доби највисока награда за храброст

Пакистанското момче Ајцаз Хасан, кое загина откако спречи бомбаш-самоубиец да изврши напад во неговото училиште, денеска доби највисока пакистанска награда за храброст.

Со својот потег петнаесет годишниотАјцан Хасан спаси животи на стотина деца во неговото училиште.

Кабинетот на пакистанскиот премиер Наваз Шариф денеска соопшти дека упатиле препорака до претседателот Мамнун Хусаин да одобри доделување награда Ситара-еШуџат (увезда за храброст) за маченикот Ајцаз Хасан.

Таткото на загинатиот Ајцаз, Муџахид Али изјави: Иако го загубив синот, не жалам заради тоа што го направи, постапил херојски и горд сум заради неговата храброст.

11.01.2014 - 10:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега