Пожар уништи древен тибетански град во Кина

Во пожар што беснееше повеќе од десет часа изгоре до темел древен тибетански град Дукезонг, кој се наоѓа во округот Шангри Ла, на југозапад во Кина и е стар повеќе од 1.000 години, но и многу популарен меѓу туристите.

Пожарот избил по полноќ по локално време во градот познат по добро зачуваните стари улици, згради и тибетанска култура.

Во извештаи на локални медиуми може да се видат инсерти од пожарот во кој изгореле повеќе од 100 куќи. Во гаснењето учествувале повеќе од 2.000 пожарникари, војници, полицајци и локални официјални лица кои не успеале да го стават пожарот под контрола.

Засега нема извештаи за човечки жртви, а причините за пожарот се уште не се познати.

11.01.2014 - 10:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега