Маглата го пролонгира заминувањето на македонските ракометари на ЕП

Маглата која го покри скопскиот аеродром „Александар Велики’’ го одложи заминувањето на македонските ракометари во Данска, каде од утре ќе започне 11-то Европско првенство во ракомет.

Во експедицијата во која покрај репрезентативците и стручниот штаб, се и десетина новинари и педесетина навивачи кои требаше да полетаат со чартер лет во 9 часот, засега останува на аеродромот „Александар Велики’’, се до 11 часот за кога се очекува подобрување на временските услови, а како алтернатива се земаат аеродромите во Софија, Ниш или Белград, бидејќи и на најблиските аеродроми во Охрид и Приштина временските услови се исти како и во Скопје.

За потсетување, утревечер Македонија го игра првиот натпревар против домаќинот Данска со почеток во 20 часот.

11.01.2014 - 10:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега