Неочекуван пресврт ја потресе Македонија: Неколку ракометари завршија во болница

На последниот ден пред заминувањето на машката ракометна репрезентација на претстојното ракометно првенство во Хернинг, Данска, кај петмина македонски репрезентативци се појавиле знаци на премаленост и нагон за повраќање, информираат попладнево од РФМ.

Индикациите укажувале на симптоми на стомачен вирус, но, по реакцијата на лекарскиот тим и укажаниот соодветен третман во клиничката болница „Систина“, ракометарите се чувствуваат добро и утре изутрина заедно со целиот табор ќе заминат за Данска.

Директорот на машката репрезентација, Никола Панчевски, вели дека станува збор за гастритичен проблем, но, поради брзата и соодветна реакција на лекарите, ракометарите ќе бидат подготвени за настапите на ЕП.

Извор:Курир

10.01.2014 - 19:34
Фото: 
Курир

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега