Приближно 100 илегални имигранти приведени во Мерсин

Според изјавата на агенцијата Анадолија околу 100 илегални имигранти се приведени во турскиот средоземноморски град Мерсин.

Акцијата за приведување на имигрантите, била изведена синоќа, по добиена најава. Од вкупниот број имигранти, 69 биле откриени во една вила, а останатите во еден шумски локалитет.

Приведените имигранти посочиле дека на организиаторите им платиле по 5.000 евра за да ги одведат до различни европски земји.

Меѓу имигрантите има државјани на Сирија, Авганистан и Ирак. Во операцијата на турските сили за безбедност бил приведен и еден огранизатор на илегалниот транспорт на имигранти.

10.01.2014 - 16:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа