Здравствената состојба на Ариел Шарон е „безнадежна“

 

Здравствената состојба на поранешниот израелски премиер Ариел Шарон, кој веќе осум години е во кома, се влоши во последните неколку часа, а според неговите лекари, таа е „безнадежна“.

Лекарите од медицинскиот центар „Хаим Шиба“ ја дефинираат неговата состојба како крајно критична.

Осумдесет и петгодишниот Ариел Шарон е во кома од 2006 година, откако доживеа мозочен удар.

Израелското воено радио јави дека на „Шарон му се изброени деновите, ако не и часовите“.

Шарон е познат по нападот врз Либан во 1982 година додека беше министер за одбрана, но и како премиер кој ги повлече армијата и доселениците од Појасот Газа во 2005 година.

10.01.2014 - 16:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега