Пробал да извади пајак од увото со правосмукалка

Еден маж од Австралија се разбудил со остра болка во десното уво, па се обидел да го извади тоа што го има во него со правосмукалка.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, човекот се преплашил да не станува збор за бубачка, а особено за некој отровен пајак.

- Се исплашив да не имам отровен пајак во увото. Се надевав дека ако е нема да ме касне. Увото ме чешаше и морав нешто да сторам, вели Австралиецот.

Така, тој си ги презел нештата во свои раце и се обидел тоа што го чешало и болело во увото да го извади со правосмукалка. Кога утредента отишол на лекар докторите од увото му извадиле огромна бубашваба.

10.01.2014 - 14:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега