Европската Унија забележа економски раст од 0,2 отсто

Статистичката служба на ЕУ, Евростат, денеска соопшти дека Европската унија во третиот квартал од минатата година оствари економски раст од 0,2 отсто на годишно ниво, додека во рамки на еврозоната е регистиран пад на економијата од 0,3 проценти.

Најголем квратален раст меѓу членките на ЕУ од 1,6 процнети бележи Романија, пред Ирска со 1,5 и Летонија со 1,3 отсто. Во исто време, најголем пад на БДП од 0,8 проценти има Кипар, пред Малта со 0,4 и Франција и Хрватска со по 0,1 отсто.

10.01.2014 - 14:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега