Им пропаднал обидот да украдат нафта - радовишани ограбувале цркви куќи и училишта

Полициската станица во Радовиш поднесе кривична пријава против 23-годишниот С.З. 28-годишниот Д.П. и 23-годишниот Н.Ѓ. за тешка кражба.

Според податоците од полицијата, во текот на месец декември минатата година тројцата пријавени со употреба на погоден предмет се обиделе да извршат тешка кражба во училишниот двор на Основното училиште „Кирил и Методиј“ каде имало вградено подземна цистерна со нафта. Сепак, откако момчињата не успеале, се откажале од намерата, па С.З во два наврати извршил тешка кражба во црквата „Св. Атанасиј Велики“ од каде одзел 6.000 денари, а ограбил и куќа на свој сограѓанин.

10.01.2014 - 14:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа