Во Словачка 15 кандидати во трката за претседател

Петнаесет кандидати ја поднесоа својата кандидатура за трката претседател на Словачка.

Секој од кандидатите имаше должност да собере најмалку 15.000 потписи од граѓаните на Словачка или даја добие поддршката од најмалку 15 членови на словачкиот парламент.

Според аналитичарите најголеми шанси да го замени актуелниот претседател Иван Гаспарович чиј мандат истекува на 15 јуни, има сегашниот словенечки премиер Роберт Фико.

Други истакнати кандидати се Милан Кнажко, водач на "Кадифената револуција", како конзервативецот Јан Чамогурски.

Првиот круг од гласањето за претседател е закажан за 15 март, а доколку ниту еден од кандидатите не добие повеќе од 50 отсто од гласовите, вториот круг ќе се одржи на 29-ти март.

10.01.2014 - 14:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега