Ја полила другарка си со киселина поради љубомора

Британката Мери Кањ поради љубомора ја испрскала својата најверна другарка Наоми Они со киселина по лицето. 21-годишната девојка ја нападнала својата другарка поради тоа што и била љубоморна, а злочинот се случил во 2012 година.

Според британските медиуми, Мери го унаказила лицеот на својата пријателка бидејќи се скарале околу нејзиното момче. По нападот таа на Фејсбук објавила фотографија од хорор филмот Фреди Кругер.

Иако веднаш и била направена операција, сепак, дел од лузните сеуште стојат на лицето на младата девојка. 

Во текот на судењето Мери тврдела дека нејзината другарка лаже и измислува и дека не ја полила со киселина. Судењето во Лондон и понатаму е во тек.

10.01.2014 - 13:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега