Мулсиманите ќе ја надминат бројката на христијаните во Британија

Според најновите статистики во Англија и Велс секое десетто дете помладо од четири години е муслиман.

Весникот „Дејли Мејл” објави дека според статистиките во 2001 година 1,6 милиони муслимани претставувале вкупно три отсто од вкупното население, додека во 2011 година таа бројка се зголеми на 2,7 милиони муслимани или 4,8 посто од вкупното население во Англија и Велс.

Дејвид Воас, професор од Есекс напомена дека наталитетот на муслиманите од Пакистан и Бангладеш е многу висок и вели дека мулсиманите кои редовно ја практикуваат својата верата набргу би можеле да ја надмината бројката на христијаните кои редовно му се молат на Господ.

Секојдневно во Велика Британија се отвараат нови муслимански училишта, а официјалните податоци покажуваат во Британија има 1.600 џамии, додека првиот халал фестивал во Велика Британија е одржан минатиот септември.

Членовите на муслиманската заедница, меѓутоа, наведува дека Британците немаат причина за загриженост поради порастот на муслиманската популација, бидејќи муслиманските деца мошне успешно се интегрираат во тамошното општество и ја чуствуваат Велика Британија како своја татковина. 

10.01.2014 - 13:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа