Германец уринирал на споменикот на жртвите од холокаустот

На Интернет се појави снимка од Германец кој уринира врз споменикот на жртвите од холокаустот, додека до него група млади лица прават хаос и прават огномет на местото на настанот.

Германската министерка за култура го осуди настанот, но освен неа, исто така бура негативни критики пристигаат од целиот свет.

- Овие инциденти се ужасни и заслужуваат осуда, изјави министерката за култура на Германија, Моника Гретерс.

Инаку, споменикот е дело на архитектот Питер Аземан и е подигнат во чест на Евреите.

 

10.01.2014 - 12:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега