Мртви лилјаци паѓале од небото

Топлиот бран што ја зафати Австралија предизвика вистински „дожд“ на угинати лилјаци кои буквално паднале од небото ширејќи неподнослива миризба.

- Штом живата во термометарот ќе надмине 43 степени, лилјаците почнуваат да паѓаат од небото, изјави претставникот на локалната организација за заштита на диви животни.

Многу е важно да не се допираат животните поради опасност од беснило, наведе претставник на здравствените служби на државата Квинсленд.

Властите во меѓувреме, испратиле специјални тимови за организирано отстранување на угинатите животни од населените зони. 

09.01.2014 - 13:16
Фото: 
Нова Македонија

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега