Водителот на Икс Фактор си доби отказ?!

По бројните негативни коментари за  Славко Калезиќ кој минатата епизода од шоуто Икс Фактор се појави во улога на водител, според српскиот Курир добил отказ по само една емисија.

Како што пренесува Курир.рс, лошите реакции за него од страна на публиката предизвикале тој да биде заменет, а на неговото место ќе биде поставен вистиснки водител.

- Иако продуцентите мислеа дека со новото лице ќе се освежи шоуто, лошите реакции на публиката покажаа дека направија грешка во проценката. Експериментот имаше контраефект, па за да ја поправат грешката решија што поскоро да го ангажираат проверениот водител на „Пинк“ – открива извор близок до продукцијата.

Наредната емисија ќе ја води Влада Станојевиќ кој извади дека е премногу возбуден.

- Точно е дека контактираа со мене и јас сум среќен што ќе бидам дел од најголемото светско музичко шоу – потврдил познатио српски водител Станојевиќ за таблоидот.

09.01.2014 - 12:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега