Откриени убијците на познатата венецуелска мисица Моника Спер

Веста за убиството на Моника Спер Моц (29), некогашна мисица на Венецуела, и нејзиниот поранешен сопруг Томас Бери (39), ја потресе светската јавност.

Членовите на петчлената банда се уапсени поради сомнеж дека го извршиле убиството на мисицата и нејзиниот сопруг. Се верува дека напаѓачите, од кои двајца се малолетни поставиле замка на патот, а потоа ги убиле и ограбиле сопружниците.

Нивниот автомобил застанал поради дупнати гуми, а според пишувањето на британскиот весник Телеграф, токму напаѓачите поставиле замка при што со оставање на остри предмети на патот предизвикале да им се дупне гумата.

Автомобилот во кој била и петгодишната Маја, веќе бил прикачен на камионот на шлеп службата, кога членовите на бандата скокнале од заседа. Преплашениот поранешен пар ги заклучиле вратите, но напаѓачите пукале во прозорците. Родителите загинале на местото на злосторот додека пак малечката Маја била пукана во ногата и веднаш била пренесена во болница.

09.01.2014 - 12:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега