Дали беше регуларно гласањето за Икс Фактор?!

На едно од најдобрите светски шоу програми Икс Фактор, минатиот пат прв беше нашиот талентиран Даниел Кајмакоски, а од шоуто излезе Младен Лукиќ.

Според Вистина.мк, многу луѓе се пожалиле дека не можеле да гласаат бидејќи нивните пораки не биле прифатени со низа објаснувања. Дел од нив се дека гласањето се уште не е започнато, иако веќе било во тек, бараниот сервис не постои...Поединци се закануваат со тужби, а скоро сите наведуваат дека сигурно веќе нема да гласаат!

Еден гледач тврди дека имал апсурдна ситуација дека по една грешно искуцана порака пратил и втора исправна и на двете добил ист одговор дека сервисот не постои. Истиот проблем го имаа и гледачите од Македонија, многумина од нив се пожалија на социјалните мрежи. Една од нив беше и Елена Ристеска, пренесе Вистина.мк.

09.01.2014 - 10:40
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега