Ахмети го честита Божик

Лидерот на Демократската Унија за Интеграција Али Ахмети, денеска упати честитка до сите православни верници по повод големиот христијански празник Божик.

-Имам чест во името на сите членови и поддржувачи на Демократската Унија за Интеграција како и во мое лично име, да ви упатам искрени честитки по повод големиот православен празник Божиќ, при што би сакал да ги посакам сите добра за вашите ценети семејства. Божиќ е еден од најголемите христијански празник кој што ги зближува луѓето не само со Бога, туку и помеѓу себе како и истовремено ја промовира меѓусебната почит, љубов и соживот, вели Ахмети во честитката.

Православните верски празници, вели Ахмети, исто така претставуваат повод да се навратам на растечката заедница на православните Албанци во Македонија и да го поздравам нивното навраќање кон своите корени.


06.01.2014 - 15:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега