Ангела Меркел повредена во Швајцарија

Германската канцеларка Ангела Меркел доживеала несреќа при скијање во Швајцарија и заработила повреди на карлицата.

Нејзиниот портпарол Штефан Зајберт изјави дека Меркел ја повредила карлицата и во следните три недели нема да смее да стане од кревет. Тој не соопшти детали од несреќата.

Меркел ги откажа сите свои состаноци, вклучувајќи ја и претходно најавената посета на Полска, како и средбата со премиерот на Луксембург Ксавие Бетел. 

06.01.2014 - 12:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега