Сопружници од Босна пронајдени мртви закопани под палма

Брачна двојка од Швајцарија, чии тела полицијата ги пронајде во туристичкото место Хургада, по потекло биле од Босна.

Станува збор за опружниците Фахрудин и Сејида Муратовиќ од Теочак.

Таа информација ја потврди Фадила Муратовиќ, сопруга на братот на Фахрудин кои исто така живеа во Швајцарија.

- Сите сме во шок и неверување. Требаше да се вратат за Нова година во Швајцарија. Меѓутоа десетина дена не се јавуваат па нивната ќерка повика полиција која на крајот откри дека се убиени за закопани во градината под палмата од нивната вила во Хургада – изјави таа.

Според првите информации, двојката ја убил чуварот на нивната куќа со помош на двајца пријатели за да го ограби нивниот имот.

Фахрудин и Сејида живееле во Хургада, а исчезнале прд 7 дена.

Портпаролката на швајцарското министерство за надворешни работи истакна дека тие се во контакт со египетската полиција која ја спроведува криминаланта истага.

05.01.2014 - 15:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега