Пијани ограбиле книжара - фатени скопјани за кои се поднесени 214 кривични пријави

Македонската полиција приведе неколку скопјани за извршена тешка кражба. Се работи за 24-годишниот Е.И. 30-годишниот Н.К. 31-годишниот Е.Е. 20-годишниот М.Ј. и 15-годишниот С.С. кои си заработија притвор во траење од осум дена.

Според податоците од полицијата, завчера петте лица во алкохолизирана состојба отишле на булеварот „Александар Македонски“ во книжарата „КВАНТ“, во сопственост на 56-годишниот Д.С. од Скопје и насилно со употреба на погоден предмет или алат го скршиле катанецот од заштитната решетка, по што го скршиле изложното стакло. Двајца од приведените стоеле пред книжарницата, а другите влегле и украле шт им дошло при рака. Откако ги ставиле предметите во кеси и тргнале пешки, истите биле забелажани од полициски „Алфи“, по што се легитимирани и приведени во полициска станица.

Инаку, Е.И., Н.К. и Е.Е. се регистрирани сторители на имотни деликти, за што им се поднесени вкупно 214 кривични пријави, за извршени 1.082 кривични дела во временски период од 1999 – 2005 година. За сторените кривични дела од надлежен суд им се изречени вкупно 52 казни затвор, две условни осуди, една мерка малолетнички затвор и една мерка упатување во воспитно поправен дом. 

04.01.2014 - 12:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа