Шумахер носел камера со себе - постои ли снимка од несреќата?

Француските медиуми денеска пренесуваат дека Михаил Шумахер за време на несреќата на Алпите по која со хеликоптер беше пренесен во болница и се наоѓа во кома, најверојатно имал камера на кацигата, која му се скрши на два дела и не го ублажи ударот.

Не е познато дали камерата била уклучена за време на скијањето и несреќата, но тој ја понел со себе кога отишол да скија. За ова полицијата ја информирал синот на Шумахер кој исто така беше на местото на несреќата

Инаку, синоќа пријател на легендарниот возач на Формула 1 изјави дека тој е надвор од животна опасност..

 

04.01.2014 - 11:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега