Тетинот на Ким Јонг Ун бил фрлен гол на глутница гладни кучиња

Тетинот на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун  бил фрлен на глутница гладни кучиња.

Сингапурскиот весник „Страитс Тајмс“,пишува дека Јанг Сон Тек бил егзекутиран под обвинение за предавство, откако неколку дена претходно изненадувачки беше отстранет од сите функции и исклучен од Корејската работничка партија. Дотогаш како ментор на лидерот Ким Јонг Ун и сопруг на неговата тетка, Јанг Сон Тек, се сметаше за „ човек во сенка“.

Иако за неговата егзекуција немаше информации досега, сепак се претпоставуваше дека тоабило со стрелање. Но весникот објавил статија според која Тек бил соблечен до гола кожа и фрлен заедно со неговите петмина најблиски соработници, во кафез со 120 ловџиски кучиња кои не биле нахранети повеќе од три дена.

Егзекуцијата траела околу еден час, при што осудениот бил жив изеден.Според повеќето аналитичари ова се случило за Ким Јонг Ун да покаже дека ја држи целата контрола во свои раце и да го зајакне својот кредибилитет и независност.

03.01.2014 - 14:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега