Ердоган доби извештај за наводната „паралелна држава“
Како што објави „Ворлд билтен“ на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган му е доставен извештај за наводната „паралелната држава“ во Турција, што содржи список со имиња на 2.000 лица.
Пратеникот Кузу, кој е претседател на Уставната комисија на турскиот Парламент, на својот Твитер профил објави дека листата содржи научници, државни службеници, судии и бизнисмени.
Разузнавачкиот извештај вклучува и детали за посотење на наводна „паралелна држава во државата“, која, како што обвини Ердоган, стои зад неодамнешната антикорупциска операција во Турција.
Турскиот претседател Абдула Ѓул неодамна изјави дека согласно законите и уставот на Турција, освен државните институции „ниту една власт или круг на интереси“, не можат да одлучуваат за државни работи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа