Tурската лира падна на историски минимум

Поради политичко-финансискиот скандал на премиерот Реџеп Тајип Ердоган, турската лира падна на историски минимум од 2,1778 лири за еден долар.

Националната валута на Турција се намали и во однос на еврото достигнувајќи вредност од 2,987 лири за едно евро, што е блиску до симболичниот праг од 3 лири, пренесува БТА.

Водечкиот индекс на Истанбулската берза БИСТ 100 загуби 1,91 отсто достигнувајќи 66503,69 поени на средина од тргувањето. 

02.01.2014 - 13:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега