Шумахер сакал да посвои детенце од Босна?

Легендата на Формула 1, Михаил Шумахер, кој се наоѓа во кома по несреќата за време на скијањето на француските Алпи, сакал да посвои детенце од Босна во 1997 година. Како што пренесува Кафе.ба, Шумахер тогаш за магазинот Бунте изјавил дека со сопругата сакаат да посвојат детенце од Босна, која тогаш излезе од војна.

- Сеуште не сме донеле одлука со сопругата, но сакаме да посвоиме детенце, изјавил тогаш легендарниот Шумахер.

За потсетување, Шумахер се повреди на француските Алпи, а му беа направени две операции. Сеуште е во кома, но состојбата сега е стабилна.

02.01.2014 - 12:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа