Хакери од Сирија го нападнаа Скајп

Хакерската група, „Сириска електронска армија“, тврди дека нејзини членови упаднале во профилите на Скајп на социјалните мрежи Твитер и Фејсбук.

Хакерите преку својот налог на Твитер тврдат дека успеале во микроблогот на Скајп да го објават следното соопштение од името на групата: „Не ги користете поштенските услуги на „Мајкрософт“, тие ги следат вашите сметки и им ги продаваат податоците на владите“.

Тие на својот блог објавија и податоци за контакт со Стив Балмер, генерален директор на „Мајкрософт“, кој во август најави дека за 12 месеци ќе се повлече од функцијата.

Пораката на хакерите изутринава беше избришана. Претставници на Скајп потврдија дека имало хакерски напад, но не прецизираа кој стои зад него.

Податоците на корисниците не се загрозени. Се извинуваме поради оваа ситуација, се наведува во соопштението на компанијата. 

02.01.2014 - 11:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега