И во Албанија и Косово првите бебиња машки

Според информациите на дописникот на Миа од Тирана, првите бебиња во новата година 2014 година и во Албанија и во Косово се машки.

Во Гиниколошката клиника „Кралицата Гералдина“ во Тирана десет минути по полноќ на свет е донесено здраво машко бебе по име Ноел, кое е тешко четири килограми, а веднаш по него биле родени уште три машки бебиња.

И во Косово првото бебе е машко, родено е минута по полноќ во Гиниколошката клиника во Приштина.

Министерот за здравство Фехми Агани и градоначалникот на Приштина, Шпенд Ахмети ги посетиле бебето и Мајката Доњета Хазиу. 

01.01.2014 - 15:19
Фото: 
Плус Инфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега