Состојбата на Шумахер непроменета- и натаму тој е во критична состојба
Здравствената состојба на светскиот првак во Ф1, Михаел Шумахер, сѐ уште е критична и тој се уште се бори за живот.
Состојбата на Шумахер е непроменета во однос на вчерашниот ден, изјави за Гренобл неговата менаџерка, Сабине Кем.
Во клиниката се третира тешката повреда на главата на 44-годишниот Шумахер, по падот на скијање, и тој се уште е во кома.
Шумахер во текот на ноќта бил во стабилна состојба, меѓутоа менаџерката не пренесе никаква натамошна прогноза.
01.01.2014 - 13:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа