СРЕЌНА НОВА 2014!

Стотици милиони луѓе во светот синоќа ќе ја испратат 2013 и ќе ја пречекаат Новата 2014 година.

По примерот на светските метрополи, традиционално, највеселата ноќ беше пречекана и на плоштадот „Македонија“ во Скопје, како и во другите градови во земјава.

На скопскиот плоштад настапија македонските музички ѕвезди - Калиопи, Тијана Дапчевиќ, реобединетото музичко дуо „Куку Леле“ и младиот изведувач на народни песни Мустафа Имери.

Новогодишниот концерт почна во 21 часот и траеше до раните утрински часови. Точно на полноќ, небото над Скопје беше осветлено со спектакуларен огномет.

Најмладите посетители можеа да се забавуваат театарски претстави, фотографирање со Дедо Мраз и забава со детски песни.

Новогодишната елка годинава “никна“ на нова локација, меѓу Градскиот трговски центар и споменикот „Воин на коњ“. Висока е околу 18 метри, во златна боја, украсена со материјали кои наликуваат на конфети. На улицата „Македонија“ се растегнати долги нишки со светилки и новогодишни украси - топки. На плоштадот „Филип Втори“ на влезот во Старата скопска чаршија поставена е елка во сребрена боја.

Новата 2014 година први ја дочекаа жителите на тихоокеанските острови Кирибати и Тонга и земјите на далечниот Исток, а последни или неколку часови по нив жителите на западниот брег на САД и Аљаска. 

01.01.2014 - 10:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега