Петардите почнаа да прават проблеми - им изгореа рацете на две момчиња од Скопје

20 годишниот Р.Б. и 19 годишниот Д.О. од Скопје, вчера употребиле пиротехнички средства ракети, но, наместо да се забавуваат, тие заработилее изгореници на рацете.

Момчињата веднаш биле пренесени во скопскиот Ургентен, каде им биле констатирани телесни повреди. Р.Б. е задржан за понатамошно лекување.

Против двајцата ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка за сторен прекршок од ЗППЈРМ.

31.12.2013 - 14:49
Фото: 
lider.mk

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега